,, Извештаите дека САД дискутирале со Израел за планот за анексија на западниот брег , се погрешни. САД и Израел никогаш не дискутирале за таквиот предлог . Фокусот на претседателот останува исклучиво на Израелско – Палестинската мировна иницијатива.” , изјави портпаролот на Белата куќа Џош Рафаел .

Претходно Нетанијаху изјави дека веќе извесно време разговара со Американската администрација за проширување на суверенитетот на Израел врз еврејските населби на Западниот брег.

Изјавата Нетанијаху ја дал на состанокот на неговата партија Ликуд , потврди портпаролот, Давид Амсалем.

,, Премиерот Бенјамин Нетанијаху ги известил Американците за иницијативата изнесена во Кнесетот и тие ја изразија својата недвосмислена позиција дека се посветени на напредокот на мировниот план на претседателот Трамп .” Ова е наведено во соопштението на Израелската влада неколку часа по изјавата на Нетанијаху.

Веднаш по ова , следуваше демант од Белата куќа во кој се наведува дека на оваа тема воопшто не се разговарало . 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 19:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар