Во македонското МНР, високите претставници од чешкото и словенечкото Министерство за надворешни работи, остварија средба со државниот секретар, Виктор Димовски, со кого разговараа за европската интеграција на Република Македонија и конкретните чекори што престојат во контекст на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година, објавена минатиот вторник, за интеграцијата на Македонија во НАТО, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите.

Заменик министерот Дур и државниот секретар Мирошич, во разговорите ја потврдија јасната поддршка од Чешка и Словенија на европската и евро-атлантската перспектива на Република Македонија, соопштуваат од МНР . 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 18:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар