Бутарис, изрази жалење што, како што рече бил изваден и објавен само еден дел од изјавите, а не ставовите во целост од вчерашниот состанок.

- Не предложив, не предлагам и нема да предложам промена на името, едноставно ја изразив мојата загриженост. Она што го кажав и не го одрекувам е дека во ова прашање имаме загубено, 130-150 земји, колку и да се, ја имаат признато земјата под името Македонија. И ние, за жал, со одговорност на грчките влади во последните 25 години, имаме загубено. И ова треба да не загрижува, рече Бутарис на вонредната прес-конференција за медиумите во Солун.

Во однос на телефонското интервју во утринската емисија на грчката телевизија Скај, во која го спомена името на грчкиот кошаркар Галис како можна варијанта за име на солунскиот аеродром, Бутарис вели дека спиел кога го побарале.

- Одеднаш, утрово ми се јавуваат од Скај, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме праша една госпоѓа од Скај, не и го помнам името, кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис, објасни Бутарис, пренесе МИА.

Во однос на разговорите за името, солунскиот градоначалник, рече дека треба да се постигне договор што ќе биде добар и за двете страни.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 15:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар