Добро упатени извори за Канал 5 велат дека за овие објекти - нема соодветна локација. Сумата од пет милиони евра за дислокацијата не е конечна, од Град Скопје велат - деталите ќе бидат познати откако ќе се комплетира целосната анализа.

Оттаму додаваат дека моментално се преиспитува целокупната правна процедура во однос на поставувањето на галиите, Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје и издавањето на одобренија на инвеститорите.

„Постапката за преиспитување на правната процедура е во тек меѓу службите на Град Скопје и на Општина Центар. Откако ќе се изгради став на службите, ќе се дадат насоки за натамошно постапување.“

Oсвен галиите, ќе се руши и градилиштето на кое беше предвидена изградбата на панорамското тркало.

Град Скопје им нуди шанса на студентите од Архитектонскиот факултет да му дадат нов, современ лик на градот. Градоначалникот Шилегов објави конкурс преку кој ќе се изнаоѓаат идејни решениа за новата урбана опрема која ќе се поставува низ градот.

Студентите ќе имаат рок од 35 дена за аплицирање откако истиот ќе биде објавен на веб страната на градот. 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 14:44
Тамара Стојкова
Обновено во: 15:44

коментари

остави коментар