Засега нема информации дали состанокот ќе дадат изјави или ќе биде објавено соопштение на министерствата за надворешни работи.
Денешната средба доаѓа откако синоќа двајцата шефови на дипломатиите имаа те-а-те средба исто така во Виена, која беше најавна во последен момент синхронизирано од двете министерства.

Оваа рунда се смета за почеток на суштинските преговори за точките кои остануваа спорни.
Двете влади веќе јасно ги исцртаа позициите.. Заев минатата недела кажа дека прифатливо е географска одредница, но за идентитетот не може воопшто да се разговара

Грчкиот премиер Ципрас пак вчера пред пратениците на неговата партија Сириза, повтори дека рамката што гарантира затворање на пробелмот е сложено име  и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови.

Од овие две позиции, јасно е дека ќе се постигне согласност за основото прашање- името. Од 5 те што Нимиц на маса, како реални опции остануваат Северна и Горна Македонија. Она што дополнително треба да се разјасни и преговора и дали и во кои услови ќе се преведува името.

Најпроблематичната точка во врска со името останува опсегот на употреба. За разлика од Грција, македонската страна е подготвена тоа да биде само за меѓународна употреба. Освен за ова, македонската влада не се согласува и со барањето за промена на Уставот, бидејќи двата члена во него што Грција ги сметаше за иредентистички, уште во 1992 година се измените со амандмани..

Доколку се најде компромис за овие прашања, се очекува нацрт договорот кон крајот на месецов Коѕиас лично да го донесе во Скопје, а откако ќе добие согласнот од македонската влада, во март тој да ја добие и конечната верзија.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 14:39
Гоце Михајлоски
Обновено во: 14:52

коментари

остави коментар