За дел од правниците има, за министерството за култура нема конфликт на интереси во тоа што членови на комисии кои одлучувале за тоа кој ќе добие државни пари од министерството,  барале и добиле средства  во истиот конкурс. Адвокатот Давидивиќ  сметаат дека конфликт сепак има, а одговорност тербало да се бара и од министерот Алаѓозоски како потписник на конкурсот. Они пак кои не се задоволни колку пари добиле и како се тие  распределени можат да побараат и поништување смета адвокатот.

Реакција стигна и од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура  од каде обвинуваат за нефукционалното трошење државни пари, обезбедени преку Министерството за култура за дел од проектите кои со ништо не ја отсликуваат, презентираат или воздигнуваат културата во земјава. Според СОНК, дел од проектите се сомнителни во оправданоста да бидат одобрени преку Министерството за култура, како и проекти кои се поднесени од членови на комисии и кои одлучуваат за доделување на средства за туѓи, но и за свои апликации.

Инаку,  вчера од култура ретерираа по објавувањето на информацијата дека Виган Максути од Тетово, кои во својата дискографија има песни за УЧК и Адем Јашари ќе добие од државата 300 000 денари, неместо 200 000 колку што побара. За овој случај имало техничка грешка, но ваква грешка немало во одлуката џез викендот во Прилеп, манифестација која е важна за градот, да и бидат доделени нула денари. Се жалат и од театарот во Куманово кои велат дека добиле премалку пари дури и за основно функционирање.

Оставка од  Алаѓозоски побара и музичарот Златко Ориѓански кој жестоко реагираше за тоа  кој се добил пари од министерството за култура. Во својот фејбук статус тој побара и кривична одговорност од министерот.


Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 14:13
Александар Видиновски
Обновено во: 19:09

коментари

остави коментар