На презентацијата на конкурсот, која денеска се одржа во Архитектонскиот факултет, присуствуваа скопскиот градоначалник Петре Шилегов и деканот на Архитектонскиот факултет Огнен Марина.

- На градот мораме да му дадеме еден поинаков модерен лик, што ќе се издегне над архитектонските и естетските обременувања кои самите сте свесни дека Скопје ги доживуваше во непосредното минато, рече Шилегов, кој додаде дека конкурсот ги отвора можностите за младите и студентите кои треба да го дизајнираат градот онаков како што го сакаат.

Тој нагласи дека досега урбаната опрема била бирана во градските бараки и по вкус на административните работници. Урбаната опрема, како што рече, мора да ја прават тие кои се стручни и кои учат за тоа-студентите.

- Ќе ни биде потребна урбана опрема која ќе биде функционална, според потребите на Градот и на граѓаните и со која сите ќе може да кажеме дека се гордееме со нејзиниот изглед, посочи Шилегов.

Деканот на Архитектонскиот факултет Огнен Марина потенцира дека се најстарата институција која скоро 70 години во континутет се занимава со Град Скопје.

- Оваа иницијатива е продолжување на идејата дека Архитектонскиот факултет во соработка со Град Скопје ќе продолжи да се грижи, да истражува и да создава за Скопје, рече Марина.

Пријавувањето и добивањето конкурсна документација е на konkurs@skopje.gov.mk. Идејните решенија ќе се доставуваат 30 дена по официјалната објава на конкурсот. Првата награда на овој конкурс е во вредност од 300 евра, а втората награда од 150 евра. 

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 14:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар