Денеска се најде во вкрстен оган на грчките медиуми, а во телефонска изјава за телевизија Скај објаснуваше од каде произлегол ваквиот став.

- Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ го подели светот, не подели нас и од тоа сите губиме. Никос Галис е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните. Од друга страна, мислам дека кога туристите слетуваат во Солун мислат дека доаѓаат во Скопје. Подобро е да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 проценти од ништо. Изгубивме во Хаг, не можеме да го задржиме ветото за НАТО, изјави Јанис Бутарис, градоначалник на Солун.

Контроверзната изјава Бутарис ја дал на вчерашниот градски совет во Солун. Први реагираа од опозициската Неа Демократија, порачувајќи му да ја остави дипломатијата и да се фокусира на своите обврски како собирање на сметот во градот. Од грчката влада не ја коментираа изјавата на Бутарис, но затоа побрзаа да ја зацементираат позицијата на Ципрас, уште пред да почне денешната рунда преговори во Виена. Топката е на теренот на нашите соседи, кои треба и во пракса да покажат дека ја промениле реторика, изјави портпаролот Ѕанакопулос  во изјава за грчко радио Алфа.

-Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение, рече Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката влада за радиото Алфа 989.

Истиот став вчера го повтори и Ципрас пред членовите на владеачката Сириза, во чие обраќање не го спомена прашањето за идентитетот. ,


Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 13:39
Гоце Герасимовски
Обновено во: 14:36

коментари

остави коментар