Американските претставници изјавија дека Тилерсон го очекуваат проблематични разговори во текот на посетата на Турција во четврток и петок со оглед на тоа дека интересите на двете земји членки на НАТО, драстично се разликуваат во Сирија.

Турција е револтирана од американската помош за YPG кој Анкара ги смета за терористичка организација и продолжена рака на Работничката партија на Курдистан (PKK). Вашингтон ги поддржува сириските Курди во борбата против Исламска држава во Сирија.

„Одлуката на нашиот сојузник да им даде финансиска помош на сириските Курди сигурно ќе има влијание врз нашата одлука“ – изјави Ердоган во говорот пред членовите на владејачката партија АК во парламентот.

Турција минатиот месец започна акција во Сирија за да ги отстрани единиците на сириските Курди од својата јужна граница. Се закани и дека ќе ја продолжи операцијата и кон сирискиот град Манбиџ кој е под контрола на курдските единици YPG и предупреди дека американските сили не треба да ги попречуваат.

Вашингтон објави дека нема намера да се повлече од Манбиџ.

„Јасно е дека тие кои изјавуваат дека агресивно ќе одговорат доколку ги нападнеме никогаш не ја искусиле силата на Отоманците“ – изјави Ердоган.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 13:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар