Крајот на големите борбени операции не значи дека го постигнавме трајниот пораз на џихадистите, изјави Тилерсон на состанокот на членовите на коалицијата во Кувајт.

Тој рече дека борците на Исламска држава го загубиле поголемиот дел од областите кои некогаш ги контролираа во Сирија и Ирак, но истакна дека милицијата „остануваат сериозна закана за стабилноста на регионот и други делови во светот.

Тилерсон исто така рече дека Вашингтон одлучил да обезбеди 200 милиони долари помош за стабилизирање на ослободените области во Сирија.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 13:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар