Главниот дел на карневалот, кој организаторите го нарекуваат “најголемата претстава на светот“ почна синоќа во Самбодром, каде повеќе од 72.000 гледачи до раните утрински часови ги посматраа богатите декорирани платформи кои вибрираа со заглушувачка музика.

Дефилето не е само голема шарена претстава туку и жестоко натпреварување во кое 13 училишта за самба се оценуваат по многу конкретни критериуми, како што е квалитетот на музика, квалитетот на платформите или по тоа дали е одбрана добра тематика. Седум училишта настапија ноќеска, а шест ќе настапат вечер.

Едногодишната работа на училиштата се оценува во нешто помалку од еден час настап на парадата.

Едно училиште за своја тема ја избра Кина, неколку од нив репродуцираа познати слики, додека некои имаа футуристичка декорација.

Иако карневалот се доживува како краток одмор од секојдневните проблеми, училиштата за самба исто така го користат да пренесат политичка порака.

Една од главните мети оваа година е градоначалникот на Рио, Марсело Кривеља, кој предизвика големи критики поради тоа што ги преполови субвенциите за училиштата за самба.

Некои сметаат дека градоначалникот, поранешен евангелистички пастор, сака да го расипе фестивалот поради своите верски убедувања.

Петдневниот карневал претставува една од главните атракции на Рио де Женеиро.


Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 12:40
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:41

коментари

остави коментар