Три претставки од Специјалното јавно обвинителство и уште неколку од адвокати и други странки во постапките, како што објавува порталот
сакамдакажам.мк, има за судијката Моника Бахчовановска, а пред Судскиот совет се наоѓаат и иницијативите за разрешување на кривичната петорка од Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски, натаму на Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити.

Во најавата за седницата в четврток објавена на веб страницата на Судскиот совет како шеста точка е ставена расправа по барање за поведување постапка за утвдување одговорност за судија, но повеќе детали не се соопштени.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 12:32
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:44

коментари

остави коментар