Туна на твитер напиша дека улицата „Незват Тандоган“ ќе биде преименувана во улицата “Маслиново гранче“.

Турција минатиот месец ја започна операцијата „Маслиново гранче“ за да ги истера борците на сириските Курди од северозападна Сирија. Тие курдски единици се важен сојузник на САД во борбата против Исламска држава но Турција ги смета за терористи.

Во ноември преименувано беше името на улицата во која се наоѓа амбасадата на Обединетите Арапски Емира во Турција, и таа сега го носи името на некогашниот воен командант од времето на Отоманската имеприја.

Тоа следуваше како реакција откако еден министер на ОАЕ сподели твит во кој се тврди дека “предците“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го ограбиле светиот исламски град Медина.

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 20:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар