„Сакав состанокот да се одржи во поинакви околности, во поинаква клима, но по ескалацијата на вербалната војна, одлучив да го прекинам тоа и да го повикам Вучиќ што побргу“,изјавила хрватската претседателка.

Грабар-Китаровиќ му се заблагодарила на Вучиќ затоа што ги прифатил поканата и повикот да се подобрат односите меѓу двете земји кои се обременети со минатото за кое, како што рекла таа, не станало збор на средбата.

Таа рекла дека на средбата биле отворени многу прашања.

„За многу прашања не се согласивме, во некои се приближивме, но во некои верувам дека ќе се приближиме. Најважно е дека ќе продолжиме да разговараме“, рекла Китаровиќ.

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 19:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар