„Експлозијата се случила кога авионот удрил во земја“, изјави Петренко.

Таа додаде дека содржината на црните кутии ќе им овозможи на експертите на Меѓународниот воздухопловен комитет детално да го реконструираат летот и да ја утврдат причината за падот на авионот.

Според нејзините зборови, во текот на истрагата ќе бидат земени во предвид сите аспекти, вклучувајќи ги и активностите на авиокомпанијата, техничката состојба на авионот, професионалното ниво на пилотот, како и завршената обука.

Патничкиот авион „Ан-148“ во кој се наоѓаа 71 лице, се сруши вчера непосредно после полетувањето од аеродромот Домодедово во Московската област. Никој не го преживеа падот.

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 19:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар