После “глупавото трошење на 7.000 милијарди на Блискиот исток, сега е време да почнеме да вложуваме во нашата земја!“, напиша Трамп утрово на својот твитер налог, пренесува агенцијата „АП“.

Белата куќа треба да го обелодени предлогот за финансиска поддршка вредна 1.5 трилиони долари за обновата на патишта, пристаништа и аеродроми во период од 10 години.

Планот се заснова на користењето на 200 милијарди долари од федералните пари за поттикнување на локалните самоуправи и сојузни држави во вложување во проекти.

Трамп денеска ќе се состане со локалните и државните лидери во Белата куќа за да разговаар за овој план.

Претседателот на САД во повеќе наврати ги обвинуваше “распаднатите“ државни патишта дека ја кочат американската економија во настојувањата да го оствари својот целосен потенцијал.

Многумина во Вашингтон сметаат дека Трамп требало да го почне својот мандат пред година дена со иницијатива за инфраструктурата, која би добила поддршка од двете партии или која во најмала рака, би ги спречила демократите да се спротивстават на една популарна политичка мерка.

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 17:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар