МОН прифати голем број од забелешките и предлозите на стручната јавност и граѓанските организации, кои се однесуваа на Стратегијата за образованието 2018-2025 година, се наведува во соопштението на Министерството.

Се додава дека Стратегијата за образованието 2018-2025 е насочена кон подобрување и почитувањето на различностите и демократските вредности и човекови права.

Стратегијата е рамка согласно која ќе се движат процесите во образованието, а овие принципи ќе бидат пресликани во новите наставни програми и учебниците.

Овие цели се предвидени како конкретни активности во основното и средното образование и подразбираат ревидирање на учебниците така што истите ќе одразуваат родова еднаквост, почитување на различностите, мултикултурните и демократските вредности.

МОН додава дека потврда за тоа дека одлучно ќе се бори против дискриминацијата по која било основа претставува и повлекувањето на учебникот за „Граѓанско образование“ за осмо одделение, кој беше повлечен поради родова дискриминација и спорна содржина. /МИА

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 16:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар