„Михаил Саакашвили, денеска повторно е приведен во ресторанот Силугини недалеку од просториите на нашата партија“ – изјави таа, наведувајќи дека насилно е внесен во  бело комби и одведен на непозната дестинација.

Баграновскаја изјави дека луѓето кои го одвеле Саакашвили, биле во маскирни униформи и дека не се претставиле, а навела оти станува збор за претставници на специјалните единици или граничните служби, а не киевската полиција, пренесе „Ројтерс“.

Агенцијата потсетува дека адвокатот на Саакашвили минатата недела предупредил дека неговиот клиент би можел да се соочи со депортација или екстрадиција во Грузија.

И украинските медиуми пренесуваат дека Саакашвили е уапсен по барање на миграционата служба,  бидејќи Апелациониот суд му ја одби жалбата да не биде екстрадиран во Грузија.

Грузиските власти го обвинуваат за злоупотреба на службената положба.

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 16:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар