Со протести и блокади ќе продолжат и натаму додека не им бидат исплатени заостанатите плати и придонеси од 2012 година до сега. Според синдикатот од оваа наменска фабрика финансиските дубиози дополнително се продлабочени и од актуелното раководство,за што до надлежните органи поднесоа пријава за наводно незаконски трансфер на 90 илјади евра од Еурокомпозит на композитна опрема а од таму на непостоечка фирма„ Ројал Логистик Интернационал“ од село Велгошти.

Директорот Александар Кузевски,ги демантира ваквите  сомневања и јавно ги повикува сите надлежни институции да го проверат неговото финансиско материјално работење.

Ваков трансфер на пари нема, а за сите други над 5 илјади евра одобрува одборот на директори.  

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 13:49
Зоран Момировски
Обновено во: 13:59

коментари

остави коментар