Хотелот „Гевора“ на големата авенија на Шеикот Зајед е за само еден метар повисок од досега највисокиот светски хотел кој исто така се наоѓа на истата авенија.

Претходниот рекордер, хотелот од синџирот „Мериот“ е висок 355 метри кој пак го собори рекордот на хотелот „Роуз рајхан“ од синџирот „Ротан“ висок „само “ 333 метри кој како и претходните два хотела се наоѓа во истиот кварт во Дубаи.

Новиот светски рекордер по височина хотелот „Гевора“ всушност е кула во златна боја од 75 ката, со четири ресторани, базен, луксузен спа центар и гимнастичка сала.

Во Дубаи се наоѓа и највисоката кула на светот, славната „Бурџ хаифа“ висока 838 метри.

Богатата власт сега започна изградба и на нова чија височина се чува во тајност, поради конкуренцијата.
Инаку Дубаи е главна туристичка атракција во Заливот, само во 2017 година  го посетиле 15,8 милиони туристи. 

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 09:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар