Преку Инстаграм излезе на површина долготрајната  тензија меѓу Паркер и Катрал. Кавгата почна откако Сара Џесика Паркер  изрази сочувство по смртта на братот на Катрал.
"Tвоето  постојано присуство  е болно потсетување за тоа колку  навистина и сега тогаш си била бездушна.",напиша Катрал .
Во петокот Паркер за Extra TV изјави дека ѝ испратила само "љубов и сочувство".

Братот на Катрал, Крис (55), беше пронајден мртов минатата недела откако исчезна од својот дом во Алберта, Канада.

Актерката ја објави веста за смртта  на Твитер истиот ден и побара приватност.

Во нејзиниот пост на "Инстаграм", Катрал напиша: "Дозволи  ми да го направам ова многу јасно (ако веќе не сум) . Ти не си моето семејство. Ти не си  мојот  пријател. Пишувам за да ти кажам за последен пат да престанеш да ја експлоатирате нашата трагедија со цел да ја обновиш твојата слика за убава "личност."

Паркер јавно не одговори на последните објави  на Катрал .

Во септември Катрал ги отфрли најавите дека ќе се појави  во Сексот и градот 3, и изјави дека нејзиниот однос  со другите три ѕвезди е "токсичен".

Датум на објава: недела, 11 февруари 2018 во 22:28
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:19

коментари

остави коментар