Обединетите Нации објавија извештас според кој проблемот со недостиг на вода за пиење не треба да ги загрижува само жителите на Кејптаун , туку проблемот го има низ целито свет .

Според истражувањата во 2014 , во 500 најголеми градови во светот ќе снема вода за пиење . Според сегашната проекција на Обединетите Нации , на глобално нивоќе се зголеми побарувачката за вода за 40 % во 2030 година , а нема да се задоволи барањето поради климатските промени , растот на популацијата и човечките активности .
Меѓу најзагрозените градови каде итно мора да се преземат мерки е Сао Паоло во Бразил со 21,7 милиони жители и резерви на вода од 15 проценти под нормалата .
Потоа е милионскито Бангалор во Индија , каде водата воопшто не е за пиење , иако ја има од околните езера.

И Пекинг , главниот град на Кина е на листата , бидејќи 40 % од водата е загадена и не е за користење во домаќинствата .

Главниот град на Египет , Каиро има сличен проблем со предвидување дека во 2025 година ќе остане без вода.

Џакарта се соочува со издигнување на нивото на морето , што предизвикува слатките води да станат солени .

Москва има проблем со водоводниот систем , кој се потпира во 70 % од површински води , што во најголемо количество се загадени .

И Истанбул со неговите 14 милиони жители е на оваа листа . Од почетокот на 2014 градот се соочува со недостиг на вода за пиење , за во 2016 да биде прогласен за град под стрес поради 1 700 кубика вода по човек .

Проблемот е веќе присутен во Мексико сити , каде само 20 % од жителите имаат секој ден вода за пиење од водовод .

За Лондон предвидувањата се дека во 2025 ќе има проблем , а во 2040 градот ќе се соочи со сериозен недостиг на вода за пиење.

Водоводниот систем во Токио е зависен од површинските води и затоа градот наскоро може да има проблеми . Но Јапонците веќе ја предвидоа иднината и го обновија целиот водоводен систем , за да имаат загуба само од 3 % .

Мајами на Флорида ќе има проблеми со загадувањето на водата од каде се снабдува целиот град и тоа преку загадениот Атлантски океан , од каде водата продира директно во резервоарот за вода. 

Датум на објава: недела, 11 февруари 2018 во 18:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар