Истражувањата во комлексот на Јени џамија, во центарот на Битола, покажаа дека по темелите на ова врвно архитектонско дело се крие уште поголемо црковно богаство отколку што претходно се претпоставуваше. Истражувањата покажаа дека Јени џамија крие темели на три цркви, од кои едната е некогаш најголемата црква во центарот на Битола, „Св. Ѓорѓи“, која што е ранохристијанска црква од 7 век.

,,Пронајдена е проскумидијата на црквата на црквата ``Свети Ѓорги`` која се наоѓа под Јени џамија. Таа проскумидија ни потврдува дека објектот се шири и дека е од многу поголемо значење отколку претходно претпоставеното.,, -вели Слободан Стојковски, стручен работник за средновековна археологија во Завод и музеј Битола.

Конзерваторско- реставраторските зафати се одвиваат во повеќе фази. По три години реставрација вратен е стариот лик на Јени џамијата како пред пет века. При зафатот бил користен оловен лим за куполите од Турција и варов малтер од Италија.

,,За раставрацијаа беше користен оловен лим од Турција и варов малтер од Италија.Ова е петта фаза на конзервација и реставрација на фасади на објектот на Јени џамија и уметничка галерија, и покривање на надворешниот и отворениот дел на археолошкото наоѓалиште на џамијата, кое се наоѓа надвор.Тоа е заштитено со челишна конструкција заради заштита од временските непогоди, плус населението од Битола да се запознае со овој значаен локалитет – вели Зоран Алтипармаков, советник конзерватор во Завод и музеј од Битола.

Посебен галериски простор е наменет за посетителите.

Во иднина целта е објектот да биде на лик на Света Софија од Истанбул, односно да ги обединува христијанското и исламското културно наследство на овие простори.

Датум на објава: недела, 11 февруари 2018 во 15:25
Анета Шијакова
Обновено во: 15:38

коментари

остави коментар