Додека траело апсењето ,пред неговата канцеларија во Белград чекале 20 луѓе за магот да ги спаси од магии. 50- годишниот исцелител е уапсен под сомнение дека со 30 годишен Никола К. Сакале да изнудат половина милион евра од 57 годишен Белграќанец во манастир во Шид.

Тој и е познат на полицијата и бил осудуван за измами и изнуди.

Се почнало кога Никола отишол кај Драго за да му ја симне црната магија. Тој рекол дека ќе го излечи ако му помогне да земе половина милион евра од Белграѓанецот . Планот го извеле уочи Нова година во манастирот кај Шид. Богатиот Белграѓанец дошол во манастирот , кога Никола го онеспособил со електрошок и под закана со пиштол барал да му исплати 500 000 евра за да не му наштети нему и на неговото семејство.

Му кажале каде точно да ги остави парите и го пуштиле . Белграѓанецот ги пријавил во полиција по што двајцата изнудувачи се уапсени.

Инаку Белиот маг и претходно, пред 11 години , бил осуден за изнуда , бидејќи на роднините им се заканувал со црна магија ако не му дадат пари.

На тој начин ,,заработил “ 300 000 евра , но потоа одлежал 5 години затвор. 

Датум на објава: недела, 11 февруари 2018 во 09:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар