Тие се сместени во специјално направени куќи во пустината во Оман на температура и до 51 степен и во услови каде само неколку видови може да преживеат. Научниците ќе направат 19 експерименти за да утврдат дали може човекот да преживее во суровите услови на Марс.

Ја имаат на располагање најновата технологија , како дронови , роботи , ровери и термички изолирани куќи .

Пустината Дофар во Оман е рамна површина со само неколку животински видови кои може да опстанат . Токму затоа експериментот за преживување  на Црвената планета се одвива во неа.

Од НАСА се надеваат дека првите луѓе на Марс ќе може да стапнат околу 2030 година.  

Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 19:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар