Новинарката со Египетско и Американско државјанство , Мона Елтахави од вчера прва преку твитер проговори за своето непријатно искуство , кога била сексуално злоставувана или напаѓана за време на аџилак во Мека пред пет години  . 

Искуства споделија за само еден ден илјадници жени , кои раскажуваат дека во нејсветите моменти за Муслиманите биле жртви на сексуален напад .

Жените раскажуваат јавно дека иако биле покриени и во молитва , непознати мажи ги допирале , се триеле од нив и им се обраќале вулгарно . Не страдале само тие лично , туку и нивните мајки и сестри со кои биле на аџилак во Мека.

Меѓу жените кои го мсподелуваат своето лошо искуство од Мека има и такви , кои во јавност не смеат да излезат ако не се покриени со хиџаб, како жени од Афганистан , Саудиска Арабија или Иран . 

Сепак , сметаат дека целосно прекриеното тело не ги спречува мажите да ги навредуваат и да бидат објекти за сексуално вознемирување.

#MosqueMeToo во муслиманските земји наиде на осуда , претежно од машката популација. 

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 22:39
Александар Видиновски

коментари

остави коментар