Сепак станува збор за имитатори на двајцата лути непријатели , на кои , како што велат , не им бил дозволен влез на отворањето на ЗОИ во Пјонгчанг. Затоа имитаторот на Ким Јон Ун во видеото на Ројтерс повика на мир од Сеул , каде што заедно со Трамп  беа вистинска атракција.
Тие се прегрнуваа, правеа селфи и разговараа со граѓаните.

Најверојатно , имитаторите се истите , кои се појавија и во Хонг Конг минатата година , кога Американскиот претседател беше во посета на регионот.

Австралискиот музичар Хауард го имитира Ким Јонг Ун , додека 67 годишниот Американец Денис Алан е во улогата на Доналд Трамп . 

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 16:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар