За самоубиство, како што наведува, размислувала кога имала 15 години, истакнувајќи дека Ској ја злоставувал од нејзината 14 до 17 година.

„Имав 15 години кога стоев на мостот над реката Лос Анѓелес, гледав во сувото корито и плачев. Гледав доле и размислував:’тоа не е вистински мост, нема ни да умрам, ќе се искршам, но ќе останам жива. Иди дома’. Си зборев самата на себе:’Ти си идиот, за што воопшто размислуваше?. Но во тие моменти сте изгубени, хормоните ви дивеат“.

Актерката во вторникот во полиција поднесе пријава против колега. За нападот на Скот Бајо зборуваше уште во јануари наведувајќи дека имале и сексуално односи кога имала 17 години.

„Во одредена мерка дадов согласност, но тоа следуваше по многу манипулации. Имав 17 години“ – изјави Егерт неколку дена подоцна.

Бајо ги отфрли нејзините обвинувања наведувајќи дека станува збор за лага и дека на средбата и двајцата се согласиле.

„Се сеќавам дека ме повика и ме праша дали може да дојде во мојата куќа. Ме заведе. Било кој нормален хетеросексуалец ќе го направеше тоа што јас го направив“.

Егерт раскажа и дека Бајо наводно и психички ја вознемирувал кога ми рекла дека сака да се забавува со момче на нејзини години, пишува „Дејли њуз“.

„Почна со понижување, а потоа прерасна и во физички напади. Ме влечеше за коса и ме туркаше“.

Актерот Александар Полински ги потврди нејзините наводи.

„Бев сведок на неправедното однесување спрема Никол во текот на снимањето. Еднаш ги затекнав како седи во неговиот скут, но тој не водеше грижа за тоа. Викаше на мене и ме навредуваше“ – изјави Полински.

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 14:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар