-Најмладиот запишан читател ни е на четири годишна возраст, а најстариот, учителка во пензија, е на возраст од 85 години, информира директорката Тања Гошева.

Според нејзина оценка Струмичани дефинтивно сакаат да читаат, а причината за тоа е во традицијата која опстојува со децении, но и на способноста на тимот кој работи во библиотеката.

-Ние како библиотека се трудиме секогаш да ги купиме најновите наслови на барање на читателите, но и тоа што ние ќе оцениме дека треба да го купиме како најнови изданија на издавачите. Се трудиме да ги следиме модерните текови на издаваштвото и постојано купуваме книги и го обновуваме книжниот фонд, вели директорката Гошева.

Една од причините за зголемување на бројот на членовите во Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ е и воведувањето на така наречениот „фамилијарен упис“.

Годишната членарина за една година изнесува 250 денари, но доколку од едно семејство се зачленат тројца тогаш имаат можност тоа да го направат за 400 денари.

Најголем проблем за струмичката библиотека, но и генерално за библиотеките во Македонија, е невраќањето на позајмените книги.

- Тоа е проблем на сите библиотеки во државата, па и во Струмица. Има книги кои не се вратени со години. Едноставно ги молиме граѓаните да не ги фрлаат книгите, туку да ги вратат, а ние нема да ги казниме поради тоа што не ги вратиле на време. Ги имаме нивните членски картончиња, ги бараме, но многу тешко ги наоѓаме, бидејќи ги промениле телефонските броеви. Со тоа ни се намалува книжниот фонд и наместо книгите да бидат изложени во нашите рафтови тие се наоѓаат кај несовесните читатели, додава директорката Тања Гошева.

Таа истакна дека поголем дел од вкупниот број членови се повозрасни граѓани, кои повторно се враќаат на читањето.

Покрај тоа, во последно време чести се посетите од ученици од основите и средните училишта кои се запознаваат со значењето на книгата и библиотекарството.

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 12:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар