Според АП, никој не се сомневал дека во пакетот имало тигар, се додека кучињата трагачи не го откриле.

Малиот тигар е испратен по брза пошта од засега непознато лице од мексиканската сојузна држава Халиско, пакетот бил испратен во мексиканската држава Керетаро.

Тигарчето инаку било пронајдено во дехидрирана состојба, но откако брзо било однесено во центарот за заштита на животно , тигарчето многу брзо се рехабилитирало.

Инаку според мексиканските закони забрането е испраќање на животни по брза пошта.

Истрагата за тоа кој го испратил тигарчето е во тек. 

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 09:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар