За време на говорот на Турскиот министер за сообраќај и комуникации , Ахмет Арслан , андроидот повеќе пати му упаѓаше во збор , што предизвика смеа кај публиката . Роботот ,,Санбол “ дофрлуваше од сцената додека министерот беше на говорница .

,, Зборувај полека , не разбирам што сакаш да кажеш “ , викаше роботот по министерот додека публиката се забавуваше.

Тој се обиде и да се пошегува и рече дека роботот го деконцентрира . Подоцна , во интервју за туските медиуми роботот се извини и призна дека направил грешка .

Од компанијата , производител на андроидот , се правдаа дека роботот е млад за да може да разбере .

,,Има само три години “ , соопштија од компанијата .


Датум на објава: четврток, 08 февруари 2018 во 22:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар