Преку социјалните мрежи и медиумите два дена траеше потерата по исчезнатиот Каден Мирза од Шефилд , Британија. Денеска таткото апелира до сите родители да ги следат своите деца додека се на интернет.
Момчето е пријавено за исчезнато во вторникот , откако не се вратил од  училиште. Наредниот ден бил најден во магацинот на продавницата Икеа  во Шефилд.

Тој учествувал во  предизвикот на Фејсбук ,, Преспиј во Икеа и не дозволувај да те фатат “ . Од полицијата велат дека ваквиот налудничав тренд би можел да стане катастрофален .

Шефот на полицијата изјави дека во такви магацини се чуваат тешки и опасни предмети , кои би можеле да паднат и да предизвикаат трагични последици за децата.

Од Икеа соопштиле дека во иднина ќе вршат деталнни проверки на безбедноста за да не дојде до вакви инциденти .

Датум на објава: четврток, 08 февруари 2018 во 20:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар