Самохраниот татко Андреас Граф морал да се грижи за својот 4- годишен син болен од леукемија. Тој морал речиси една година да отсуствува од работа , така што колегите му излегле во пресрет. Над 700 колеги во една дизајнерска компанија во градот Хесе одговориле на повикот за помош на таткото .

,,Без нивната голема поддршка , сигурно ќе бев невработен “ , изјавил Граф со солзи во очите.  Немаше човек кој не донираше дополнителни часови и само за две недели одработиле вкупно 3 264,5 часа.

Но , радоста на Граф кратко траела . Додека се водела кампањата за негова помош во компанија , му починале сопругата од срцево заболување.

Момчето , кое овој месец ќе полни 5 години е вратено дома и Граф се надева дека наскоро ќе може да го прати во градинка , откако поминало речиси една година во болница.

Датум на објава: четврток, 08 февруари 2018 во 16:53
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 20:04

коментари

остави коментар