Сето тоа почнала со расправа во која Ели Диагиев, млад модел од Казахстан, сакаше со своите пријатели да докаже дека некогаш кај жените како најголем квалитет се ценела харизмата, додека повеќе млади жени денес сметаат дека најубави ги прават добрата облека, шминка и фризура.

Ели додал дека, со помош на современата козметика, дигиталната обработка на фотографијата и фотошоп и генералното лажно претставување во индустријата за убавина, дури и маж денес може да помине како убава жена.



Неговите пријатели не се согласиле со него, па се одлучил да ги докаже своите тврдења на тој начин што се пријавил на натпреварувањето за виртуелна мис на Казахстан.

Па така Ели станал Арина, а со оглед на тоа што од својата 17-та година работи како манекен, многу добро е упатен во популарните трендови кога станува збор за убавина.

Се преправил, ги објавил своите фотографии на интернет и чекал реакции од публиката.


 

Арина Алиева 24 года Шымкент #missvkz #mvk2018

A post shared by @ aalieva7252 on


На изненадување на неговите пријатели, Арина влегла во финале, и имала големи шанси да победи на натпреварувањето. Сепак, бидејќи докажал дека е во право, Ели веднаш по прогласувањето на финалистите објавил видео во кое признал дека Арина не постои.

Дијагиев истакнал дека немал намера да ги измами луѓето, туку да им докаже на младите девојки колку денес е лесно да се добие надворешната убавина – толку лесно, што дури и спротивниот пол може да го направи тоа.

Ели затоа се надева дека неговата приказна ќе им помогне да научат повеќе да ја ценат својата индивидуалност и внатрешна убавина.

Датум на објава: четврток, 08 февруари 2018 во 14:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар