Одри студирала економија на југот на Франција и сонувала да стане модел. Својот сон го остварила кога ја забележал Томас Зомер, еден од најпознатите агенти кои меѓу останатото ги откри и Хајди Клум, Клаудија Шифер и Ева Херцигова.

Французинката беше финалистка во натпреварувањето „Model Karma Awards”, кое Зомер го организирал во Њујорк. На модното шоу работела за американскиот дизајнер Ричи Рич.

После работните обврски во Мајами, Одри се вратила во Франција каде започнала кариера како модел во Париз. Со својата страст, добрина, квалитети и уникатен изглед, Одри го привлече вниманието на фотографите и меѓународните модни брендови.

Убавата Французинка знае да зборува и четири јазици меѓу кои францускиот, англискиот, рускиот и шпанскиот.

Датум на објава: четврток, 08 февруари 2018 во 13:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар