Бринкли опиша една ситуација кога, додека била во врска со Били Џоел, добила порака од Трамп.

„Ми напиша:’Здраво, Доналд е. Слушнав дека патуваш за Аспен утре. И јас исто. Сакам да ти понудам лет со мојот приватен авион“, изјавила манекенката.

„Му одговорив: ’Благодарам, но јас веќе го резервирав својот лет’. Знаев дека е оженет, се обидување на некој начин да флертува со мене“.

Таа додала дека останала дискретна и дека веќе била на вечера со него. Го опиша како лигав тип кој секогаш се фали со своето богатство кое “никој друг го нема“.

Од Белата куќа не стигнал никаков одговор, пишува „Бизнис инсајдер“.

Датум на објава: четврток, 08 февруари 2018 во 13:02
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 21:14

коментари

остави коментар