Книгата е објавена на словенечки и македонски јазик во препев на Викторија Блажевска и Соња Должан. За најновото дело на авторот ќе зборува универзитетската професорка Весна Мојсова Чепишевска.

- Сите песни на Милан Јазбец извираат од една љубов. А, таа љубов може да се сфати како љубов кон саканата, кон предците и потомците, кон татковината, констатира Раде Силјан во предговорот на изданието.

Пред присутните ќе се обрати и претседателката на Друштвото на словенечки книжевни преведувачи и заменик-раководителка на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана Ѓурѓа Стрсоглавец. /МИА


коментари

остави коментар