Притворениот фан сакал да ја киднапира 32-годишната популарна пејачка. Таа стана светски позната по нејзините меланхолични хитови. На сцената во градот Атланта, Џорџија, таа и се довери на публиката дека излегла „поемотивна, отколку што мислела“.

„Се беше во ред, но почувствував одредена нервоза кога излегував на сцената“, се довери пред публиката Дел Реј, бришејќи ги солзите.

Нејзините обожаватели реагираа со голем аплауз.

„Многу сум среќна што сум со вас, и бидејќи во моментов сум малку кревка, имам потреба од вашата поддршка“, изјави ѕвездата пред своите приврзаници.

Таа мислеше на инцидентот што се случи минатиот петок кратко пред нејзините концерти во Орландо, Флорида.

Вооружен со нож фан бил уапсен неколку метри од салата.

Идентификуван бил како 43-годишниот Мајкл Хант, кој претходно и се заканувал на социјалните мрежи.



Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 17:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар