Андреа дебитираше во 1996 година како модел и победи на неколку модни натпреварувања, а потоа почна да се појавува на телевизија, посветувајќи се на водителската рабтоа и забавните емисии како Big Brother и Megastar.

Во Романија ја сметаат за “модна икона“, промотерка на добриот стил и модниот вкус. Андреа работела за неколку модни магазини, започнала и колекција за важните романски дизајнери и покренала и осмислила неколку медиумски проекти за промовирање на стилот како начин на живот.

Исто така, таа започнала и да поддржува бројни добротворни проекти во текот на својата кариера, а член е на Управниот одбор на Божиќниот фестивал под покровителство на организацијата „Save the Children”.

Во 2009 година Андреа дебитирала во светот на филмот, откако го прифатила предизвикот да ја толкува главната улога во серијата „Effect 30”.

Три години подоцна таа издала и книга за рецепти под името „Јади и изгледај добро“, низ која сакала да го привлече вниманието на јавноста за важноста на здравиот начин на живот.

Книгата содржи рецепти, а посветена е и на принципите на здравата исхрана.

Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 15:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар