Според дервишот Абдулмуталиб Беќири кој постојано живее во теќето, камен темелникот бил поставен од Серсем Али Баба, великиот везир на отоманскиот султан Сулејман Величествениот, во 1538 година.

- Изложбата е посветена на историјатот на тетовското теќе  низ сите периоди што се случиле. Таа е заедничка активност на Бекташиската заедница во Македонија и Светската бекташиска заедница со седиште во Тирана. Бекташизмот е тарикат односно мистичниот дел на исламот каде покрај тарикатот има и шеријат односно шеријатско право, хакикат – правда и марифет- знаење. Кај нас во тарикатот имаме братство како што е во христијанството монаштвото и кај нас има целибат за највисоката титула додека пониските места дозволуваат брак, но бидејќи тоа значи поделба помеѓу семејството и Господ не можеме да дојдеме до титула Хаџи Баба, рече дервишот Беќири.

Арменд Сулејмани од Бектешиската заедница во Македонија посочи дека теќето низ сите години од своето постоење овозможувало соживот на сите видови добри дела на човекот без разлика на верска, национална или културолошка припадност.

- Во тетовското теќе секогаш се отворени сите четири врати кон четирите страни од светот зашто Арабати баба-теќе е место за волја и љубов кон Бога за сите. Кај нас доаѓаат многу туристи од Турција, а се уште има многу луѓе од Тетово кои не дошле, изјави Сулејмани.

И Сулејмани и Беќири посочија дека административните проблеми што ги имаат околу поседувањето на имотот на теќето каде што сега дел поседува и ИВЗ, се стигнати до судот во Стразбур и оти Бекташиската заедница ги има сите документи и тапии за сопственоста од отоманското време, преку кралството СХС до најновото време.

И за претседателот на Светската бекташиска заедница Хаџи Баба Едмонд Брахимај, теќето е место за верба и тоа треба да буиде разбрано и од органите на државата.

- Ние никогаш нема да бидеме против законот и ќе ги добиеме нашите права само така по законски пат. Нас денеска не ни беше дозволено ниту нашите знамиња да ги истакнеме во дворот од комплексот, а знаеме дека ако го направевме тоа тие за кратко ќе беа искинати и отстранети. Затоа ги повикувам и полицијата и општината и другите државни институции да обрнат внимание, а  ние ќе продолжиме мирољубиво за нашите барања околу сосптевноста рече Хаџи Баба Брахимај.

Адвокатот Ставре Џиков кој бил адовокат на заедницата рече дека бекташизмот е мостот помеѓу христијанството и исламот.

- Се уште Бекташиската заедница во Македонија има недоразбирања околу сопстенсота на имотите додека нејзиниот правен статус моментално е како веркса група, но токму поделбите внатре придонесуваат овие проблеми да не добиваат соодтевна правна завршинца, рече Џиков. /МИА

Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 14:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар