Меѓутоа, крадецот немал среќа бидејќи жителите на селото Санкеш во покраината Јианксу на истокот на земјата, го пријавиле исчезнувањето на дел од автопатот на полицијата.

Мажот кој изнајмил градежна машина со која извадил 800 метри од автопатот и блоковите ги натоварил во камиони кои ги однел пред фабриката, а таа ги откупила.

„По тој автопат веќе никој не возеше. Зошто тогаш да не се земат асфалтните блокови и нешто да се заработи“ – искрено одговорил сторителот во изјавата пред полицијата.

Вкупно препродал 500 тони асфалт.

Кинеските корисници на интернет масовно го коментираа неговиот чин.

„Сиромаштијата ги прави луѓето креативни“ – напишал еден, додека друг сугерирал дека “најпримерна казна за сторителот би била самиот да мора да го поправи уништениот пат“. Извор: autoevolution

Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 12:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар