Откако Ума Турман проговори за вмешаноста на Тарантино во автомобилската несреќа на снимањето на филмот „Kill Bill”, во која за малку ќе го изгубела животот, во јавноста се појави и снимка од интервју во кое може да се чуе како познатиот режисер се обидува да најде оправдување за Роман Полански, кој во 1977 година е обвинет за силување на 13 годишната Саманта Гејл.

Откако е прогласен за виновен за сексуален однос со малолетно лице, Полански ја напушти САД и побара засолниште во Франција.

Многу познати холивудски личности и ден денеска се на страната на Полански, вклучувајќи го и Тарантино, кој во 2013 година во емисијата на Хауард Стерн го бранеше својот колега.

На снимката, која се појави во јавноста оваа недела, може да се слушне како Тарантино тврди дека Гејл во тоа време доброволно излегувала на состаноци со Полански (режисерот тогаш бил во своите четириесетти), и доброволно се впуштила во сексуални односи со режисерот.

„Полански не силуваше 13 годишно девојче. По закон, да тоа е силување. Но, тоа не е иста работа. Да, имаше секс со малолетничка, но тоа не е силување“ – изјавил Тарантино.

„Кога го употребувате зборот “силување“ за мене тоа е еден многу насилен чин. Но, користењето на тие зборови може да се сведе на денешната употреба на зборот “расистички“. Се користи за се и сешто, а не е поврзано со многу работи за кои се употребува“ – додал тој.

На прашањето дали Полански го наговорил девојчето на однос, режисерот одговорил дека “таа самата тоа го сакала“.

„Зборуваме за американскиот морал, не за европскиот. Таа, тоа го сакала“ – заклучил Тарантино.



Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 12:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар