Како што пишува порталот „Радар онлајн“ парот веќе со месеци не живее на иста адреса.

Имено, приказната за нивниот развод датира од 2015 година, кога за прв пат е објавено дека поради неговите “излети“ надвор од бракот тие нема да продолжат заедно.

Парот сепак одбележа 20 годишнина од бракот, а на заедничките појавувања никогаш ништо не укажува дека меѓу нив нешто не е во ред.

Тогаш дури и остро реагираа и ги демантираа наводите на медиумите.

А всушност, иако не ги следат скандали тие се од оние сопружници кои живеат во “отворен брак“.

Foto: Getty

Тоа во пракса значи дека можат да се гледаат со други лица, а за тоа ништо да не кријат.

Ова на некој начин го потврди и самата Џада, своевремено гостувајќи кај Опра Винфри.

„Вил може да биде со друга жена, се додека може себе си да се погледне во очи. Тој има слобода да прави што сака. Јас не сум ничиј чувар. Тој е возрасен човек и му верувам“.

Џада секогаш во суперлатив зборувала за нивниот заеднички живот, а за сексот умееше да изнесе и сочни детали.

„Тајната на нашиот брак е во спалната соба. Сакам да се облекувам, преслекувам и преправам и во јавноста, замислете тогаш каква сум во спалната соба“ – изјави Џада.

Foto: Getty

Пишувањата на медиумите и овој пат брачниот пар ги демантираше, што е веќе вообичаена пракса на холивудските ѕвезди кога се обидуваат нешто да сокријат.

Доколку дојде до развод, брачниот пар би требало да подели имот чија вредност се проценува на вртоглави 270 милиони долари.

Датум на објава: среда, 07 февруари 2018 во 11:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар