Сега изјави дека единствено јазичната бариера им создава мали проблеми, но дека тие развиле посебен говор на телото со кој одлично комуницираат.

„Тој не зборува баш најдобро англиски, а јас стојам лошо со францускиот. Затоа имаме наш посебен јазик, говорот на телото, говорот на љубовта ни помага во комуникацијата. Тоа е едно целосно ново, повисоко ниво на комуникација,  над сите зборови“ – изјави Памела за „Дејли меил“, објаснувајќи дека се уште не може да верува што се случило, и како и се вратила вербата во љубовта и како толку лесно се заљубила во младиот фудбалер.



Познато е дека Памела го замени Малибу со Марсеј, во кој живееше претходните шест месеци повремено, а наскоро и постојано.

Синовите и пораснаа, кариерата и активизмот, на кој беше предана, како и борбата за заштитата на правата на животните – сето тоа лесно го остави и одлучи да ужива во Франција.

Изгледа дека богатото љубовно минато и трите пропаднати бракови ја научија дека во љубовта секогаш треба да се слуша срцето.

Сепак, со последната романса изненади многумина.

„Не сакам да зборувам премногу за нас. Има многу лажни односи во светот на шоу бизнисот, а ние сакаме да го заштитиме нашиот. Тоа е заедничка желба. Тој се грижи за мене и моите чувства, не му е потребен никаков публицитет“ – изјави кратко додавајќи дека Адил ја нарекува “вонземјанин“.



Објасни дека тоа е затоа што не може да поверува колку е младолика и како добро изгледа за своите години.

„Имам 50 години, но тоа не значи дека не треба да бидам секси. Јас сум витална и така се чувствувам. Имам разни фази, можам да кажам дека влегувам во некој вид на перименопауза, но тоа не може да ме спречи и понатаму да уживам во животот. Можеби и ќе се омажам, не се знае“ – изјави таа.

Инаку, Памела и Адил се запознале преку заеднички пријатели во почетокот на 2017 година во Монако, а во врска се осум месеци.

Датум на објава: вторник, 06 февруари 2018 во 16:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар