Со колегата Жан Пол Белмондо, добија специјално признание за нивната извонредна кариера.

На 53 години, Моника со нова фризура, видно подмладена, продефилира на доделувањето на наградите.



Нејзината појава ги воодушеви присутните, најмногу бидејќи не се криеше зад темните очила и нејзините вообичаени црни, класични модни комбинации.

За оваа прилика во Париз таа одбра навистина смел и впечатлив црвен фустан, со црни чорапи и штикли со отворени прсти.

Делуваше како секси сирена, а колегата Белмондо уживаше во нивниот заеднички настап. Посебно се разнежни кога “падна“ на неговото рамо и нежно го бакна.



Моника ја одбрани титулата “секси Италијанка“ бидејќи и денеска многу мал број на мажи можат да и одолеат.

А жените најмногу ја обожаваат поради нејзиниот лежерен став спрема убавината и помалку немарен однос спрема телото.

Уште се памети нејзината изјава од 2015 година за „Дејли Телеграф“.


 

Monica❤ @monicabellucciofficiel #monicabellucci #charm #red

A post shared by 🔴⚫🔴⚫ (@_1_page_1) on


„Не поднесувам да се потам во теретана. Го сакам животот и сакам да уживам во колачите, сочните пасти и доброто вино. Повремено пушам и цигари, а со сексот и многу смеа не можете, а да не изгледате убаво“.

Датум на објава: вторник, 06 февруари 2018 во 16:22
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:08

коментари

остави коментар