Грант пред Високиот суд изјавил дека таа новинарска група во “индустриска мерка“ била ангажирана во хакирањето, пренесува „АП“.

„Таа новинарска група ја држеше во заблуда јавноста и акционерите со години и ги изневери своите читатели и новинари, кои вредно работеа“, изјави Грант пред судот.

Условите за спогодбата засега не се познати во јавноста, но британските медиуми пренесуваат дека станува збор за милионски суми, кои славниот актер има намера да ги донира на групата „Hacked Off” која се бори против хакирањето.

Грант во процесот против хакирањето се судеше со весниците Дејли мирор, Сандеј мирор и Сандеј пипл.

Датум на објава: вторник, 06 февруари 2018 во 12:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар