Според полицијата , специјалци се обидуваат да ги онеспособат напаѓачите. Според изјавата на вработен во разузнавачката агенција на Авганистан , напаѓачите пукале во гостите на хотелот. Засега нема информации за евентуални жртви .

Агенциите јавуваат дека при влезот во хотелот бил активиран експлозив од бомбаш самоубиец.

Во моментов хотелот гори , а во време на нападот во него се одржувала ИТ конференција . 

Хотелот во 2011 беше нападнат од Талибанците , кога загинаа 21 лице заедно со деветмина напаѓачи.

Датум на објава: сабота, 20 јануари 2018 во 19:13
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:43

коментари

остави коментар