- Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на истријата и културата на друг народ.- пишува Каменос и објаснува дека секое е вклучување на термниот Македонија во името би значело пад на грчката култура, историја, уметност и сл.

коалицискиот партнер во грчката влада, вели дека „одлуката за вклучување на терминот Македонија, ги надминува овластувањата на било кој политичар“.

Панос Каменос во колумната за „Димократиа“, пишува дека владата говори за сложено име со географска одредница, но во програмата на Ципрас, презентирана на почетокот на премиерскиот мандат, никаде, според Каменос, не е споменато дека сложеното име би го вклучило и терминот Македонија.
Кон крајот на октомври минатата година, говорејќи во Солун, Панос Каменос, рече дека поребно е да се распише референдум и во Грција за името, а три месеци подоцна, одново го споменува неговото барање.

Претставници на грчката влада од редовите на СИРИЗА, во изминатиот период велеа дека нема да биде потребно одржување референдум во Грција. 

Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 12:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар