Во неделата наутро, вулканска активност слушнале локалните жители, објави Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Институтот препорачал луѓето да се воздржат од влегување во радиусот од 6 километри на опасната зона. Од саботата над 2200 жители на градовите Гинобатан, Камалиг и Анолинг избегале од своите домови, изјави портпаролот на полицијата. Дел од нив се сместени во училишни згради, кои се претворени во евакуациски центри.

Вулканот висок 2.472 метри досега во историјата од 1616 година  избувнал околу 50 пати . Неговата последна смртоносна експлозија е од мај 2013 година, кога пет туристи загинаа, а седум лица беа повредени.

Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 10:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар