Конзервативците на канцеларката и социјалдемократите по маратонски преговори вчера постигнаа договор за почеток на формални коалициски преговори, со што се зголемени изгледите за составување на нова германска влада и излез од политичката блокада.

Договорот овозможува почеток на детални преговори за коалициски договор следните недели, а со тоа се завршува периодот на неизвесност, кој ја ослаби меѓународната позиција на Германија и го отвори прашањето дали Меркел може да остане на својата функција.

Канцеларката најмногу политички поени изгуби по бегалската криза, но мнозинството Германци веруваат дека таа ќе го издржи и следниот 4 годишен мандат.

Датум на објава: сабота, 13 јануари 2018 во 17:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар